Авион со 71 лице падна во московскиот регион (ВИДЕО)

Loading...

Патнички авион од типот „Антонов-148“ се урна во московскиот регион, објави „Интерфакс“.

Локалните служби за итни случаи ги проверуваат информациите од очевидци, кои велат дека авионот се урнал.

Авионот на летот 6W703, заминал од аеродромот „Домодедово“ во Москва и летал до Орск во Казахстан.

„Ан-148“ се урнал во Раменската област, недалеку од главниот град на Русија.

„Интерфакс“, повикувајќи се на извор од властите, јавува дека се мали шансите да има преживеани.

Авионот исчезнал од радарот 7 минути по полетувањето.