Аврамопулос: ЕУ загрижена поради илегалната албанска миграција

Illegal migrants from Guatemala, deported from the U.S., arrive at an air force base in Guatemala City, March 19, 2015. The flight carrying some 150 illegal migrants arrived on Thursday, according to authorities. REUTERS/Jorge Dan Lopez - RTR4U3VZ
Loading...

За разлика од пред две години, кога евро-комесарот Аврамопулос беше во Албанија на потпишување на договор за заштита на границите на ЕУ од сириските имигранти – денес во Тирана беше потпишан договор за „одбрана“ на границите на ЕУ од илегални албански мигранти и организиран албански криминал.

„Треба да го намалиме бројот на оние кои ја злоупотребуваат визната либерализација. Сите сакаме да ја задржиме и да продолжиме со визната либерализација […]. Овој договор ќе обезбеди подобро управување со илегалната миграција, во заеднички интерес на Албанија и ЕУ“, рекол Авомопулос, посочувајќи дека денес, илегалната албанска емиграција и кршењето на визната либерализација е загрижувачки проблем за земјите на ЕУ, пренесува албанскиот портал Exit.al.

Еврокомесарот, исто така, зборуваше за загриженоста за организираниот криминал, дрогата и албанскиот тероризам кон ЕУ.

„Како и тероризмот, организираниот криминал, мрежите за трговија со дрога не познаваат граници. Овие напори можат да бидат ефективни само ако соработуваме координирано“ рекол Аврамопулос.

Порталот пишува дека масовното иселување на Албанците продолжува. Во последниите 7 години се ислелиле дури 330.000 луѓе.

Мајголем број мигрирани Албанци бил во 2011 година – 52.000 луѓе а лани бројката била 40.000.

Според податоци на INSTAT, и покрај фактот што во последниве години има тенденција за враќање на Албанците кои со години живееле во странство, бројот на оние кои заминуваат е се уште поголем.