Агатангел како војвода: Нема лесно да поминат, имаме комити (ВИДЕО)

Нема лесно да помине ова. Ние сме мирен и кроток народ но немаме намера да ја продадеме својата земја. Владиката Агатангел ја обвини актуелната власт дека има нечесни намери наведувајќи дека таа ќе заврши, како што вели, на ѓубриштето на историјата ако го промени името на Македонија.

-Кога народот ќе почувствува дека го губи најсветото, своето име и својата црква, кога нема да знаеме како се викаме народот ќе стане. Имамме ние комити наши МАкедонци што цвртсто же застанат на браникот на Македонија – изјави владиката Агатангел за велешката ТВ Каналвизија.

Тој го повикува целиот македонски народ да си ја сочува држава и да си ги одбрани името, јазикот, црквата, културата, историјата.
„Можете да замислите, Бугарите бараат сега од нас да ја менуваме историјата. Страшно. Ние сме си Македонци, тие се Бугари. Ние имаме наша историја и нашите деца треба да ја научат. Оние што мислат да го дадат името и јазикот, нивните домови ќе останати опустошени. Јас се прашувам дали знаат што ќе стане со нивните деца? Тие ќе излезат на улица, а другите деца ќе му речат татко ти ја продаде државата. Затоа го молам народот да застане цврсто на браникот. Политичарите се менливи. И вие новинарите, чувајте ја и бранете ја“, вели владиката Агатангел.

На линкот погледнете ја целата видео изјава на владиката повардарски Агатангел.
https://www.facebook.com/tvkanalvizija/

Оставете коментар