Адеми, Алаѓозовски, Бектеши, Саљии и Николовски прекршиле одлука на Владата

Loading...

Премиерот, вицепремиерите, министрите без ресор, генералниот секретар, другите именувани функционери, како и членовите на обезбедувањето во Владата, од пред 8 месеци смеат да трошат само по 30.000 денари месечно по ресторани и кафеани.

Владата на 7 јули лани донесла одлука за измени и дополнувања на Правилникот за користење на угостителски услуги на товар на средствата од буџетот наменети за овие услуги.

Согласно одлуката донесена на иницијатива на премиерот, членовите на Владата, генералниот секретар и заменик-генералниот секретар, и другите именувани лица опфатени со овој правилник, имаат право на надомест во висина од 30.000 денари месечно, за угостителски услуги во угостителските објекти во надлежност на Службата на општи и заеднички работи на Владата, и надомест во висина од најмногу 500 евра, месечно, за угостителски услуги за време на службени патувања во странство.

Според објавените трошоци направени од петте министри, тие теоретски дури и ако патувале во странство можеле максимум да потрошат до 6000 евра за 6 месеци (3000 дома и 3000 во странство) и со тоа ја прекршиле владината одлука за што треба да сносат последици.

Измените направени во јули на барање на Заев се однесуваат на правилникот од 2012 година, кој ги регулираше овие прашања до инаугурацијата на новата влада и во него немало ограничувања за овие трошоци.

Во предходната влада одобрувањето на направените трошоци за направените угостителски услуги ги парафирало, односно добрувало, лице овластено од премиерот или министрите без посебен синџир на контрола и одобрување.