Адмирал на НАТО ги разбира грчките емоции за името (ВИДЕО)

Поранешен командант во НАТО, адмиралот Џејмс Џорџ Ставридис, изрази надеж дека ќе се постигне решение помеѓу Грција и ПЈРМ за таканаречениот спор околу името.

Во ексклузивното интервју за „Greek reporter“, на маргините конференција што се одржа во Флорида вчера, тој вели дека тоа ќе биде „Решение кое ќе бара поранешната југословенска република да го промени своето име кое ќе биде прифатливо за Грција“.

Ставридис, кој во моментов е декан на Факултетот за право и дипломатија на Универзитетот Тафтс и истакнат член на грчката заедница во САД, вели дека ги разбира емоциите за името.

„Јас разбирам зошто ова е предизвикувачко за грчката јавност“ вели тој.

Според него, сепак најважно е Балканот да биде консолидиран и да биде донесен во трансатлантскиот свет и во НАТО.

„пЈРМ е партнер на НАТО и силен соработник и има многу да понуди на Алијансата“, истакна тој.