НБА легендата утринава доби Оскар за документарецот „Драга кошарко“, но во меѓувреме 16 илјади луѓе се потпишаа на петицијата за одземање на статуетката од „сексуалниот предатор“ како што го нарекуваат иницијаторите, петкратниот освојувач на прстенот во најсилниот кошаркарски шампинат на светот. Покренувањето на иницијативата е случило уште пред неговата номинација, а е поврзано со настанот од 2003 година кога Коби Брајант беше обвинет за силување кое не му донесе затвор само поради спогодбата што тој ја направи со обвинителството.

Коби во меѓувреме ужива во новата награда која го прави победник над победниците. Што се однесува до Академијата неизвесно е како ќе реагира кога петицијата ќе им биде предадена.