Ако МЗТ поведе со 2-0 титулата сигурно оди во Аеродром

Карпош Соколи во вторник (20.00 сала Борис Трајковски) ќе го дочека МЗТ Скопје во вториот меч од финалната серија во домашниот кошарски шампионат, и ако сака да размислува за првиот трофеј во првенството задолжително ќе мора да победи. Традицијата на завршните пресметки во македонската Супер лига, по примерот на НБА, покажува дека никој во минатите 24 шампионати не успеал да се врати од почетна негатива од 2-0.

Историјата покажува дека дел од екипите доаѓаа до мајсторка во плеј офот, до трет или до четврти меч, последен таков случај беше финалето од 2008 година: Фени-Вардар (4-3), но на крајот сепак губеа.