Ако Русија не го врати протераниот дипломат, тој може да се третира како илегалец

Loading...

Рускиот дипломат од руската амбасада во Скопје е протеран поради солидарност на Македонија случајот Стрипал односно рускиот разузнавач кој заедно со својата ќерка беше отруен во британскиот град Солзбери.

Формално Македонија се повикува на Виенската конвенција за дипломатски односи донесена во 1961 година со која се уредуваат односите меѓу земјите кои што испраќаат или примаат дипломатски персонал.

Според членот 9 од конвенцијата кој го наведува македонското МНР како основа за протерувањеето доколку амбасадата на Русија одбие во разумен рок да го врати дома својот дипломат тогаш тој нема да биде третиран како дипломат и персонал на амбасадата и за него ќе важат македонските закони како да е странец без регулиран престој во земјата.

Теоретски, спорер параграфот број 2 од членот 9 со губењето на дипломатскиот имунитет протераниот дипломат може да биде уапсен за нелегален престој во земјава.

Виенска Конвенција за дипломатски односи

Член 9