Ако сакате да патувате слободно секаде во светот станете Германец

Германија е единствената земја со чиј пасош може да се посетат сите земји. Таа е рангирана на прво место за 2018 година според мерењето на индексот на пасошот што го прави организацијата „Хенли“.

Според мерењето Германците можат да патуваат во 177 земји. Зад Германија доаѓа Сингапур, Данска, Финска.

Македонија е рангирана на 46 место, односно со нашиот пасош може да се посетат 112 земји. Во регионот, најдобро рангирани се Грција, Словенија, Бугарија, Хрватска, Србија.

Најлошо котираат Авганистан, Ирак и Сирија.

Оставете коментар