Ако сака во ЕУ, Србија да го признае Косово, вели Јункер

Loading...

Претседателот на Европската комисија вчера во Белград изјави  дека Србија треба да го реши спорот со Косово пред да може да влезе во Европската унија.

„Не можеме во ЕУ да прифатиме земји кои не ги решиле своите проблеми, не можеме да увезуваме билатерални спорови, Важно е тие спорови да се решат пред влегувањето“, рече Жан Клод Јункер. За договорот со Косово Јункер рече дека не дошол во Белград да дели лекции:

„Меѓутоа, ни е наше да кажеме каков ќе биде карактерот на тој договор, Белград и Приштина тоа треба да го одредат“, истакна Јункер.

За возврат српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека се бара постигнување компромис Приштина.

Замолен да ја коментира изјавата на српскиот министер, Ивица Дачиќ, во врска со признавањето на Косово кој рече дека Брисел од Србија бара харакири, Јункер одговори::

„Нема да побараме од вашиот шеф на дипломатијата харакири, не би сакал тој да направи нешто такво“.

По Србија, Жан Клод Јункер заминува во посета на Црна Гора, Косово и Босна, а неговата турнеја низ регионот ќе заврши со учество на самитот на ЕУ во Софија на 1 март, на кој ќе учествуваат и лидерите на Западен Балкан.