Сопственичка на рачна женска торба вчера даде оглас во германскиот весник Билд во кој нуди награда од 30 илјади евра за чесниот наоѓач. Неименуваната госпоѓа на возраст од 50-тина години преку цела страна бара да и биде вратена сивата торба од марката Бриони и тоа со целата содржина. Таа не крие дека во неа има и накит, но повеќе и поважни и се документите.
Интересно е една реклама на цела страна во Билд изнесува 23.866 евра.

Оставете коментар