Loading...

Владо Јовановски, актер и еден од учесниците и говорници во протестните маршови на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, заминува во домашен притвор, откако Апелациски суд денеска му ја прифати жалбата.

Пратеникот Крсто Мукоски, пак, кој се жалеше за нарушена здравствена состојба, останува во истражниот затвор во Шуто Оризари, а затворскиот притвор останува во сила и за неговиот сопартиец од ВМРО-ДПМНЕ и исто така пратеник Сашо Василевски.

Одбиени се и жалбите на пратеникот и поранешен министер за земјоделство Љупчо Димовски, кој останува во домашен притвор, како и на Мунир Пепиќ од Агенција за разузнавање.