Албанка од Македонија го уапсила српскиот претставник за Косово

На социјалните мрежи и во медиумите на албански јазик во регионот деновиве се велича единствената жена во косовската специјална полициска единица РОСУ, за која се тврди дека учествувала во апсењето на српскиот политичар Марко Ѓуриќ завчера во Косовска Митровица врз основа на фотографија (со пушката веднаш до приведениот).

Весникот „Љајм“ дознава дека станува збор за Маригона Беадини од тетовското село Шипковица, поранешна шампионка во карате и во бокс, која го претставувала Косово на меѓународни боксерски натпреварувања.

Апсењето на Ѓуриќ, шеф на српската Канцеларија за Косово и Метохија и главен српски претставник во разговорите меѓу Белград и Приштина, предизвика политички земјотрес во регионот. Косовските власти го уапсија во северниот дел на Косовска Митровица со образложение дека нелегално влегол во Косово, односно без одобрение од локалните власти.

Ѓуриќ во Белград пред Советот за национална безбедност во детали опиша дека врз него била извршена полициска тортура, а косовските Срби реагираа со најавата за излегување на нивните претставници од тамошните институции, како и за формирање при крајот на април на Заедница на српски општини на Косово.

 

1 Коментар

  1. Русија би можела да воведе наместо уставното име Република Македонија во билатералните односни референцата : Бивша Југословенска Република Македонија.

Comments are closed.