Албански историчар за планот Б на Грција за Македонија и за Албанија

Loading...

Албанскиот историчар Арбен Лала зборува за плановите А и Б на Грција за Македонија и за Албанија во контекст на очекувањата на двете земји за почеток на преговорите со Европска унија годинава, а на Македонија и за добивање покана за влез во НАТО.

„Ако Албанија и Македонија не ги исполнат екстремистичките барања на Грција, веќе меѓународно познати, со закана за вето за ЕУ и НАТО, таа потоа ќе излезе за да се измие пред ЕУ, НАТО и светот и ќе распише предвремени избори со цел да ја симне од себе меѓународната одговорност (ова е планот Б на Грција). Според тоа, Владата на Ципрас ќе се појави пред грчките гласачи како патриотска, а пред светот како невина, постојано барајќи милијарди евра помош за реализација на добрососедските процеси. Со реализацијата на планот Б, Грција ќе ја задоволи и Русија во однос на членството на Македонија во НАТО и отворањето на преговорите за Албанија во ЕУ. Но, исто така, ќе ја спречи и Бугарија како лидер во ЕУ да добие историска гордост со почеток на преговори со Албанија и со Македонија. Значи, како и секогаш, Грција останува жена на Истокот и љубовница на Западот. До јуни многу настани се очекува да се случат на балканските простори, каде што економската криза би можела да предизвика немири и пад на неколку влади“, напиша Лала на својот профил на „Фејсбук“.

Дипломираниот историчар на Државниот универзитет во Тетово, а роден во Елбасан, каде што завршил основно и средно образование, од 1992 до 2004 година живеел и работел во Грција. Во 1998 година почнал да соработува со грчката Арванитска лига за историски студии и имал блиска соработка со познатиот научник и писател Аристид Кола. Во 2000 година почнал да ги објавува своите први студии за животот и културата на Арванитите на Грција. Во декември 1998 година бил основач на „Форум на албански имигранти“ – филијала во Солун, а до октомври 1999 година бил негов претседател. Во февруари 2000 година беше избран за генерален секретар на Сојузот на солунските Албанци и функцијата ја вршеше до септември 2000 година.

 

1 Коментар

Comments are closed.