Поранешниот албански селектор Бесник Хаси е именуван за тренер на Олипмијакос што само ќе ја потврди тезата дека спортот ги надминува бариерите или дека приближува и најголеми непријатели. Веста дека 45. години возрасниот Косовец од Ѓаковица е нов прв човек на клупата синоќа штуро беше пренесена од грчките медиуми, но веднаш предизвика бура од реакции кај навивачите на атинските црвено бели, и уште повеќе кај нивните ривали.

Раководството на Олимпијакос е убедено дека прави вистински чекор, а на досегашниот тренер на полската Легија му е поставен само еден услов, да му обезбеди на тимот учество во групната фаза од Лигата на шампионите. Екипата од Пиреја инаку во квалификациите ќе се приклучи во последниот круг, во август.

SHARE