Албанско – Американската дијаспора бара сериозност од Зијадин Села

Водечките личности на албанската дијаспора во САД од лидерот на „Движење за реформи – ДПА“ Зијадин Села бараат да биде сериозен и конструктивен при формирањето на новата влада во Македонија и да не предизвикува проблеми за мандаторот Зоран Заев.
Тој и неговата партија ја има подддршката од албанската дијаспора но од него се бара да биде конструктивен во времиња кога се носат сериозни одлуки.
Оваа порака до Села ја испраќаат претставниците на Албанците во САД но и влиајтелни лобисти како лидерот на Албанско – Американската лига Џозеф Диогарди екс конгресмен.
„Мора да има максимална сериозност вопроцесот на носење одлуки: НОвата влада мора да биде поддржана особено вољата на лидерот на СДСМ Заев за нова перцепција во односите кон прашањата важни за Албанците во Македонија“, е пораката од албанската дијаспора во САД кон Села.

Според дел од медиумите на албански јазик присуството на Села во владата на Заев е важно и за да не се остави ексклузивност на ДУИ која беше цела деценија партнер на Груевски, при престставување на албанските интереси.
Целта на пораките од САД за Албаниците во Македонија е да се дојде до политичко единство и да се врати надежта дека Македонија може да ги продолжи реформите и да го намали партиското влијание на институциите.

SHARE