Албанците покажуваат друго лице, тврди бугарски новинар

Loading...

Оние кои се двигатели на евроатланската интеграција во Македонија почнуваат да покажуваат некое друго лице, вели Иван Николов, бугарски новинар, публицист и издавач, во денешната анализа за БГНЕС.

Николов, е изненаден од неодамнешното интервју на интервјуто професорот по историја во Тетовскиот универзитет професор Веби Џемаили за телевизијата Алсат-М (25.01. 2018 година) во кое тврди:

„И Бугарија, и целиот свет знае дека од Велес до Дебар никогаш не постоела Македонија … И додава: „Тетово, Дебар, Струга и Кичево секогаш биле источни албански краишта …“

Што се обидува да направи овој албански професор, прашува Николов и додава дали намерата на Џемаили била да го замени српскиот политички, духовен, културен и идеолошки експанзионизам со албански.

Николов, за кого БГНЕС вели дека е „еден од најголемите познавачи на балканските прашања, автор на бројни статии и книги на оваа тема“, го повикува Џемаили, да ги погледне статистичките податоци на извесен Васил К’нчов од 1900 година, според кој, во тој период во Тетово имало 500 Албанци, а екзархистите-христијани – 8500. Во Кичево имало 1.200 екзархисти Христијани и ниту еден Албанец. Во Струга христијаните-екзархисти биле 3.000, а Албанците – 350. Единствено во Дебар соодносот бил 1: 2 во корист на Албанците.

Каков е тој сон на професорот на Тетовскиот универзитет, прашува Николов и прашува дали Џемаили се залага за општество каде што српските фалсификати ќе се заменат со албански!

Тоа е проблем, вели Николов, кој ниту една албанска партија или граѓанско здружение во оваа млада република не треба да ги одмина со молк“.

Николов инаку е главен уредник на магазинот „Бугарија-Македонија“ и директор на издавачката куќа „Св. Климент Охридски“.