Албанци ја обвинија Македонија за шовинизам на протест во Виена

Група Албанци денеска протестираа во Виена против пресудите за членовите на т.н. кумановска група, нарекувајќи ја Македонија шовинистичка држава.

Тие носеа транспаренти со барање за ослободување на 37. затвореници, од кои осуммина добија доживотни робии, а другите вкупна затворска казна од 746 години.

Протестот во главниот град на Австрија доаѓа десет дена по одлуките на скопскиот Кривичен суд за обвинетите за тероризам од случајот „Диво Насеље“ од 9 и 10 мај 2015 година, во кој загинаа осум полицајци и десетмина од групата вооружени екстремисти. Тој беше најавен минатата недела од координативното тело составено од претставници на невладини организации и од членови на семејствата на осудените.

Оставете коментар