Александар Македонски, Мајка Тереза и Ќосето на „рапорт“ пред Владата

Споменикот „Воин на коњ“, како и тие на Мајка Тереза на Андон Јанев-Ќосето се првите за чија судбина ќе решава Владата на Република Македонија, потврди министерот за култура Роберт Алаѓозовски.

За трите споменика веќе се изготвени елаборати од работната група на Министерството за култура, кои ќе бидат проследени до Владата за одлучување.

Според Алаѓозовски, „процедурите се толку згрешени што е сложено и отплеткувањето кој е надлежен да преземе  активности во однос на овие објекти поставени во главниот град“. За министерот, скулптуралната композиција „Мајк Тереза“ погрешно била финансирана од програмата за културно наследство, „иако таму нема никакво културно наследство, исто како и кај спорните градби на Плаошник“.

Оставете коментар