Алексис Ципрас бара замена за коалициoнерот Панос Каменос

Loading...

Премиерот на Грција бара нов сојузник, по несогласувањето со коалициониот партнер „Независни Грци“ особено во однос на спорот со името, откако лидерот Панос Каменос цврсто стои на ставот дека никогаш нема да прифати збор „Македонија“.

„Добро информирани извори велат дека Алексис Ципрас како никогаш досега има потреба од сојузник во Парламентот за скопското прашање. Односите со Панос Каменос стигнаа до ќор-сокак, коалициониот партнер категорично изјавува дека нема никогаш да прифати име за Скопје што го содржи терминот „Македонија“,  а веќе и јавно зазема различен став од премиерот, пишува „Iefimerida“. Како што пренесува дописникот на МИА од Атина, повикувајќи се на грчкиот весник, Ципрас знае дека единствен лидер на политичка партија што поддржува решение на спорот со името, со позиции слични на владините, е Ставрос Теодоракис, лидер на партијата „Потами“.

Алексис Ципрас, коментираат грчки медиуми, ја прифаќал идејата на лидерот на партијата „Потами“ за формирање Совет за национална безбедност и во понеделник ќе се сретне со Ставрос Теодоракис, кој уште во декември 2016 доставил предлог законот за формирање на таков совет.

1 Коментар

Comments are closed.