Али Ахмети и натаму против референдум за името (ВИДЕО)

Loading...

Лидерот на ДУИ смета дека не треба да се организира референдум за прашањето за името, зашто тоа може да биде злоупотребено од страна на земји организации држави кои што не сакаат нашата земја да чекори напред кон интеграција во НАТО и Европската унија.

Во изјава за новинарите Али Ахмети оцени дека постои позитивна клима и го повтори својот став дека најдобар начин за затворање на ова прашање е моделот за добрососедство меѓу Скопје и Софија, потпишување договор меѓу двете влади кој потоа ќе биде ратификуван од парламентите на Грција и Македонија.