Али Ахмети не е возбуден што доцни Законот за јазиците

„Сме чекале 150 години, ќе почекаме уште неколку дена“, рече Али Ахмети на свечена академија по повод 10-годишнината од прогласувањето независност на Косово што се одржа  денес во Скопје.

Лидерот на ДУИ, смета дека законот за јазици е усвоен и дека прашање на време е неговото конечно прифаќање.

Се уште не е закажана седница на која во трето читање треба да помине Законоз за употреба кој не беше потпишан од претседателот на државата Ѓорѓе Иванов.

Во меѓувреме опозициската ВМРО-ДПМНЕ поднесе над 35.000 амандмани во врска со забелешките на шефот на државата што предизвика „неочекувано“ пролонгирање поеради тоа што сите тие требаше да бидат преведени и на албански, да бидат доставени до пратениците и кои сега треба да бидат разгледани.

Имаше шпекулации дека расправата по амандманите ќе се одложи за летните месеци, поради „најгорливото прашање“ она за името, за кое се вели дека влегува во финална фаза.

Седницата за Законот за јазици кои предизвикува многу контроверзи, требаше да биде закажана за почетокот на месецов.