Али Ахмети против име „Славомакедонија“

Коѕијас и Ахмети на средба во Атина

По денешната средба со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, лидерот на ДУИ, Али Ахмети изјавил дека за ДУИ е неприфатливо името „Славомакедонија“.

„Нашите ставови беа јавни, ние не се согласуваме името Славомакедонија да биде решение во преговорите со Грција. Јас лично не сум дел од преговарачкиот тим, но прифатливо решение е она со кое двете страни ќе бидат задоволни“, рече Ахмети како што пренесе ТВ21.