Амбасада на САД во Тирана разочарана од говорот на Рама во Приштина

„Амбасада на Соединети Американски Држави е разочарана од изјавите на премиерот Рама за Косово и Албанија по повод 10-годишнината од независноста на Косово. Невнимателната реторика со која со која се алудира на обединување не е од помош и им штети на односите на Албанија со соседите“, се вели во пораката на албанското дипломатско претставништво во Тирана на неговата официјална страница на „Твитер“.

Амбасадата во истата порака објавена на англиски и на албански јазик повика „сите лидери да бидат добри соседи и да се ослободат од реториката од минатото која создава поделби“.

Рама во неделата во Приштина рече дека „Албанија и Косово ќе имаат заедничка надворешна политика, а не само заеднички амбасади и дипломатски мисии“.

„Зошто да нема дури и еден претседател како симбол на националното единство и на заедничката национална безбедносна политика“, праша тој од говорницата во косовскиот Парламент на свечената седница за десетгодишнината од прогласувањето на независноста, за денеска да тврди дека неговата изјава била извадена од контекст.