Амбасадорот Бејли ги изнервира Грците

Loading...

Амбасадорот на САД во Македонија Џес Бејли преку социјалната мрежа Твитер предизвика гнев кај дел од корисниците од Грција откако најави дека вечерва ќе навива за Македонија во ракометниот дуел против Чешка.

“Вечерва навивам за #македонија”, напиша Бејли на Твитер.

Хаштагот #macedonia што го користи Бејли е причина за судирот што се поинтензивно се води на социјалните мрежи особено во последниве неколку месеци кога се интензивираа преговорите за името.

Стотици грчки корисници на Твитер од кои голем дел се ткн “ботови” често пати се финансирани или организирани од дијаспората или грчки служби и имаат задача да нудат аргументи и контрааргументи за користење на терминот Македонија особено од страна на странци.

Во 2004 година САД ја признаа Македонија под уставното име.