Амди Бајрам бара советничко место за Ром во Кабинетот на Заев

Loading...

На денешната седница за пратенички прашања претеникот Амди Бајрам праша дали се планира вработување на лица од ромска националност во МВР и советник Ром во Кабинетот на премиерот.

„Јас познавам многу квалитетни Роми и верувам дека ќе се мотивираат да конкурираат. Се надевам на квалитетни кадри, за да може Роми да се борат за ромските прашања“, рече Заев, како што пренесе 24 часа, според кој во април че се пополнува слободното место – советник за ромски прашања.