Американска сенаторка им пиша на своите избирачи Македонци

Сенаторката од Мичиген, Дебора Стабенов, им се обрати со писмо на своите избирачи од македонско потекло.

„Дипломатската соработка меѓу Соединетите Американски Држави и Македонија поттикна чувство на гордост меѓу двете нации речиси две децении. Македонија работи на зачленување во НАТО со години“, им пиша на Македонците од Мичиген сенаторката од редовите на Демократска партија и прва жена од оваа сојузна американска држава во Сенатот на САД.

Обединета македонска дијаспора (ОМД) ѝ се заблагодари за писмото.