Тенкери со кои управуваат американски енергетски корпорации, доставуваат течен природен гас (ЛНГ) купен во Русија до гасниот терминал во Антверпен во Белгија, објави белгискиот весник Ле Соар, по објавувањето на таканаречените „рајски документи.

Во неделата, Меѓународниот конзорциум за истражувачки новинари (ИЦИЈ), објави над 13 милиони документи кои покажуваат како богати поединци и корпорации избегнувале плаќање данок во матичните држави инвестирајќи ги парите во таканаречените „даночни оази во островски држави.

Меѓу другото документите откриле дека четири товарни бродови во сопственост на „Навигатор холдингс“ купувале гас произведен од руската петрохемиска компанија Сибур и го доставувале во Антверпен.

Она што е интересно е дека американскиот секретар за трговија Вилбур Рос има 35 отсто од акциите во „Навигатор холдингс“, кој е регистриран на Маршалските Острови.

Министер на Трамп продава руски гас во Белгија

Медуми, повикувајчи се на „рајските документи, пишуваат дека терминалите за течен гас во Европа така се полнат со „сино гориво“ од далеку поблиската Русија, а не од Америка, само по повисока цена отколку што би била доколку транспортот би се одвивал преку гасовод.

Претходно оваа година, рускиот претставник во ЕУ Владимир Чижов рече дека САД нема да можат да го заменат рускиот гас на европскиот пазар, дури и ако го даваат бесплатно.

Македонија требаше да добие ефтин гас од Русија но надежите пропаднаа откако ЕУ ја блиокираше изградбата на гасоводот „Јужен тек“ кој преку Бугарија требаше да испорачува гас на балканот и на север кон Централна Европа.

„Вашингтон се обидува да ја исфрли Москва од европскиот пазар за гас со сите видови правни мерки, инструменти [и] санкции“, рече рускиот премиер Дмитриј Медведев кон крајот на септември, пренесува РТ.

Во текот на минатата година, САД ги зголемија испораките на ЛНГ во Европа, но сепак покриваат само околу 6 отсто од увозот на европски ЛНГ.

Во меѓувреме, според „Газпром“, руското учество на вкупниот европски пазар за гас достигна околу 34 отсто во минатата година.

 

Оставете коментар