Loading...

Кристофер Марфи, американски сенатор од Конектикат од редовите на Демократска партија, викендов доаѓа во Скопје за да разговара со македонскито премиер Зоран Заев за третманот на Албанците во Македонија.

„Како долгогодишен пријател на балканскиот регион и претставник на илјадници македонско-албанско-американски конституенти, јас сум возбуден да ги остварам овие средби и да ги понесам дома идеите што ќе ги слушнам овој викенд. Од албанската заедница во Конектикат слушнав многу за нејзината загриженост за третманот на нивните роднини во Македонија. Имам намера да го покренам прашањето за оваа загриженост и да отворам начини за зајакнување на антидискриминаторските политики со премиерот“, изјави Марфи.

Членот на Поткомитет за надворешни односи на Сенатот на САД за Европа и за регионална безбедносна соработка во Скопје ќе присуствува и на одбележувањето на 75-годишнината од депортацијата на Евреите од Македонија во нацистичките логори на смртта.

Во македонскиот главен град тој ќе допатува од Белгија, каде што ќе присуствува на бриселскиот форум на германскиот Маршалов фонд, каде што ќе се сретне со Норберт Ретенг, претседател на Комитетот за надворешни работи на германскиот Бундестаг, а ќе има и средби во функција на поддршка на НАТО.

Пред да стане сенатор во 2013 година, Марфи беше член на Конгресот на САД од 2007 година.

 

1 Коментар

  1. Немој да заборавиш на „Пајакот“ да му монтираш нуклеарна боева глава, за друг пат Македонците кога ќе се удрат во него, да експлодира цел Балкан.
    Дојди, дојди со нов македонофобски план, па и тебе да те почестиме со титулата злосторник и заштитник на сепаратисти и терористи.

Comments are closed.