Поранешен банкар од Аргентина призна пред американскиот суд дека е виновен за учество во корупција и перење на пари за Светската фудбалска организација. 55. годишниот Хорхе Арсуага раскажал детално каква била неговата инволвираност и соопштил дека истата предвидувала отворање на сметки во банката во која работел, но и во други низ целиот свет преку кои се губела трагата на парите кои подоцна ФИФА ги користела за своите цели.

“Жалам што учествував во сето тоа”, рече Арсуага во судот.

Додека во другиот дел од светот, пред се во Европа, истрагите стивнаа, американските власти инсистираат да продолжение, а во овој дел од процесот се опфатени 40 луѓе кои директно или индиректно биле вклучени во корупција во ФИФА.

SHARE