Америка на нозе – секоја година од оружје гинат 13.000 луѓе (ВИДЕО)

Шансата да се загине од огнено оружје во САД е за 56 насто поголема отколку да се загине во сообраќајна несреќа и 11 пати поголема од смрт во каква било природна катастрофа, како што е ураган, торнадо, земјотрес, поплава или удар од гром.

Од напад со огнено секоја година во САД умираат 13.000 луѓе.

Стотици илјади Американци излегоа денеска на улиците на историски протест против огненото оружје уморни од постојаните крвави напади во училиштата.

Протестот во Вашингтон се одржа под мотото „Никогаш повторно“, а повеќе од 800 протести се одржаа низ градови во САД, предводени од млади луѓе.

Внуката на Мартин Лутер Кинг, кој има само девет години, испрати силна порака за воспоставување контрола над оружјето.

Инспирирана од славниот говор на нејзиниот дедо, активистот за граѓански права, Јоланда Рене Кинг рече: “Во сонот што го сонувам, премногу е премногу и не треба да има оружје во овој свет. Пренесете ја пораката понатаму“.