Аналитичари Албанци против референдум за името

Историчарот Арбен Лала и политичкиот аналитичар Шптим Положани се против организирање референдум за името на Република Македонија.
„Ако денешните влади во Македонија и во Грција ги остават граѓаните на референдум да решат за прашањето за името, тогаш можеме да кажеме дека проблемот со името нема да биде решен во следните 20 години, бидејќи референдумот не е решение. Сегашната Влада на Македонија треба заедно со опозицијата да потпишат џентлменски договор за промена на уставното име заради што е можно поскоро зачленување во НАТО и во ЕУ. Во спротивно, Македонија ќе продолжи да биде држава на кревко живеење со помош на ИПА и на УСАИД“, изјави Лала за новинската агенција „Журнал“.
Аналитичарот Положани, пак, за агенцијата го изнесе својот став дека референдумот е стапица за Албанците да бидат исклучени од процесот во процесот на донесување одлуки во врска со прашањето за името.
„Албанците мора да учествуваат во делегацијата и на состаноци на кои станува збор за името на земјата. Албанците треба да формираат комисија од професионалци и од интелектуалци за справување со ова прашање. Тоа за нас Албанците не треба да биде само техничко прашање, кое им припаѓа само на Македонците. Право да одлучуваат за ова прашање имаат и Грците“, вели Положани за „Журнал“.

1 Коментар

Оставете коментар