Loading...

Околу 2.000 анархисти се судрија вчера со полицијата на протестот во Солун против национализмот на Балканот.

Полицијата употреби солзавец и шок бомби притив демонстрантите кои се забарикадираа во Универзитетскиот кампус, каде на полицијата со закон и е забрането да влегува.

Протестот на грчките анархисти, на кој се приклучија истомисленици од целиот Балкан, беше организиран како одговор на палењето на нивните простории од екстремнодесничарските активисти за време на митингот во јануари, кога во Солун се одржа митинг против употребата на името Македонија од северниот сосед на Грција, пренесува АП.

Грција тврди дека името на Македонија во неговата сегашна форма имплицира територијални претензии на нејзиниот регион со исто име, јави агенцијата.