Досегашниот министер за државна управа и локална самоуправа во владеењето на Александар Вучиќ е новиот мандатар на српската влада. Ова денеска го соопшти сега веќе новиот претседател Алаксандар Вучиќ кој рече дека новиот министерски состав ќе биде избран на 23. јуни за кога е закажана и инаугурацијата на новиот претседател.

Вучиќ соопшти дека 42. годишната Брнабиќ ќе го води економскиот дел и преговорите со ММФ, а најнепосредна помош во политичкиот дел ќе и биде Ивица Дачиќ. Брнабиќ го информирала Виќиќ дека може да обезбеди мнозинство во српскиот парламен во кој најмногу пратеници има нејзината Српска Напредна Партија, а со неа во коалиција е и СПС на Дачиќ.

Претходно Српската православна црква се изрази негативно за евентуален избор на Брнабиќ за премиер бидејќи таа е со декларирана хомосексуална ориентација.

SHARE