Македонската фудбалска А селекција од 18 март ќе престојува во Анталија каде ќе има подготовки и две приателски средби. На 23. играме со Финска, а четири дена подоцна и со Азербејџан, натпревари во кои слекторот Игор Ангеловски се реши да не експериметнтира и ќе настапи со најстандардниот состав од минатата година.

Во него голмани се: Столе Димитриевски (Гимнастик Тарагона) и Дени Илиев (Арсенал).
За одбраната ќе конкурираат: Стефан Ристовски (Спортинг Лисабон), Ѓоко Зајков (Шарлоа), Кристијан Тошевски (Вардар),Кире Ристески (Вашаш), Дарко Велковски (Вардар) и Висар Муслиу (Шкендија).
За настап во средниот ред се повикани: Аријан Адеми (Динамо Загреб), Енис Барди (Леванте), Стефан Спировски (Ференцварош), Бобан Николов (Видеотон), Езџан Алиоски (Лидс), Марјан Радески (Шкендија) и Ферхан Хасани (Шкендија).
И за место во нападот ќе се борат: Горан Пандев (Џенова), Илија Несторовски (Палермо), Александар Трајковски (Палермо) и Иван Тричковски (АЕК Ларнака).