Празничниот англиски колач или како што уште го нарекуваат колач со суво гројзе се подготвува многу едноставно, а е одличен за додаток на шолја топол чај или кафе.

Состојки:

-4 јајца
-140 грама шекер
-рендана кора од портокал (малку )
-50 грама бадеми
-100 грама суво гројзе
-50 грама црно чоколадо
-140 грама брашно


Подготовка:
За овој рецепт се потребни помалку од 60 минути. Шеќерот и жолчките мешајте ги долго или матете ги со миксер додека смесата добро се згусне. Бадемите не ги лупете и малку пропржете ги во тава без масло. Потоа оладете ги и исечете ги на листови. Белките од јајце изматете ги со миксер во цврст снег.
Во садот со матените жолчки додајте рендана кора од портокал, бадемите, сувото грозје, брашното, чоколадото (кое претходно го искршивте на коцкички) и снегот од белки. Целата смеса нежно промешајте ја со лажица и ставете ја во набрашнет и намастен четвртаст калап, па печете ја околу 40 минути на 180-190 степени.
Печениот колач оставете го да се подолади, посипете го со шеќер во прав, исечете го на парчиња и послужете го ладен.

SHARE