Апасиев: Шашава работа – Грците се најголем чувар на нашето име

Loading...

„Делува шашаво но Грците всушност се најголемите чувари на името Македонија“.

Професорот и член на пленумот на Левица, Димитар Апасиев, во кратки црти ја објаснува парадоксалноста на македонската позиција во врска со спорот за името.

„Ај вака сеа накратко – за почетници:
Последниот предлог на Нимиц пред НАТО-самитот во Букурешт [2008], кога Грција ни шибна вето, беше: Republic of Macedonia (Skopje). Патем, ова име беше прифатено и од Црвенковски и од Груевски, ама не и од Грците!!!

Колку и да делува шашаво, али најголем чувар на името ни се Грците. Да беше до Македонците, одамна ќе беше шитнато“, пишува Апасиев.