Апелација ги одби жалбите на притворените за упад во Собранието

Митко Чавков, Владо Јовановски, Оливер Поповски, Горан Ѓошевски, Игор Дурловски, Мунир Пепиќ, Душко Лазаров, Митко Пешов, Оливер Радулов, Богдан Илиевски – Бетмен и Илија Славевски остануваат во притворот во Шутка откако Апелациониот суд Скопје, по одржаните расправи во изминативе два дена ги одби како неосновани жалбите на обвинетите и ги потврди решенијата на Основниот суд Скопје 1.

Вкупно до Апелациониот суд беа пристигнати 18 жалби околу продолжувањето на притворот на осомничени за тероризам и загрозување на уставниот поредок, но и за тешки насилства извршени на 27 април лани во Собранието.

Вишото јавно обвинителство побара куќен притвор за актерот Владо Јовановски, но тричлениот совет од организиран криминал во Апелациониот суд Скопје, одлучи и Јовановски и натаму да остане во притвор во Шутка.

Аргументите на Основниот суд Скопје 1, кој на овие 18 лица им го продолжи притворот на 27 декември, како што пренесе СДК се дека кај сите овие осомничени има опасност од бегство и од влијание врз сведоците.

Оставете коментар