BARCELONA, SPAIN - DECEMBER 06: Ardan Turan of FC Barcelona runs with the ball during the UEFA Champions League match between FC Barcelona and VfL Borussia Moenchengladbach at Camp Nou on December 6, 2016 in Barcelona, . (Photo by David Ramos/Getty Images)

Турската фудбалска ѕвезда која пред две и пол години беше донесен на Камп Ноу е прогласен за најголемо промашување во трансфер историјата на каталонскиот гигант. Авторитетниот портал Goal.com направи листа на најлоши инвестиции на Барселона, а Арда Туран е прв со образложение дека го чини клубот повеќе од милион евра по натпревар. Статистичарите пресметале дека Турчинот беше донесен од Атлетико Мадрид за 35 милиони евра, а одиграл само 36 средби во Примера, и уште 20 во другите натпреварувања, но кога ќе се собере минутажата, зошто тој ретко кога одиграл цел натпревар, излегува токму тој однос. Кон ова не се пресметани и парите дадени за плата, а тоа се 8 милиони евра годишно и други бонуси по што ќе излезе дека Туран е далеку поскап, и од Меси и од Роналдо.
Инаку таа листа на најголеми промашувања на Барселона оди со Дмитро Чигрински, па Алекс Сонг, Александар Хлеб, Кеирсон, Емануел Пети.

Оставете коментар