Во денешните фудбалски натпревари, а тие беа први од осминафиналето во вториот клупски континентален куп, во Лига Европа по традиција се играше во два термина. Во раниот, Арсенал со леснотија го доби супер дербито на Сан Сиро против Милан 0-2, Атлетико Мадрид немаше проблем со Локомотив Москва 3-0, но затоа Борусија Дортмунд имаше со Салцбург што резултираше со пораз од 1-2. И уште во тој термин: ЦСКА Москва-Олимпик Лион 0-1.

Вечерва Лацио не успеа да го совлада Динамо Киев 2-2, Олимпик Марсеј беше сигурен со Атлетик Билбао 3-1, Лајпциг славеше со Зенит 2-1, а Спортинг на единствениот наш претставник во оваа фаза Стефан Ристовски во Лисабон ја победи Викторија Плзен со 2-0.