Лондонскиот клуб ја соопшти цената за чилеанскиот напаѓач односно за негово ослободување во јануари, но 35 милиони евра се премногу за Манчестер Сити особено што таа сума се зголемува за дополнителни 5 кои треба да му припаднат на менаџерот. Алексис Санчез е решен, сака да си замине и да се пресели на Итихад, но нема потреба да форсира зошто ако не замине веднаш, во јуни е слободен, а тоа тогаш може да му донесе повеќе пари на име годишна плата.
Ако Сити се премисли сега, тоа не значи дека нема да го ангажира ценетиот напаѓач на лето со тоа што тогаш тој ќе биде поевтин во делот на откупната клаузула, која практично и нема да постои, и ќе може да го привлече Санчес со поголема плата.

Оставете коментар