Атина до Тирана: Ако сакате во ЕУ, молчете за Чамите

Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос и упати мошне груба закана на Албанија во врска со подршката која Тирана им ја дава на Чамите, барајќи истата да запре доколку оваа земја сака да влезе во ЕУ.

„Албанија треба да си ја затвори устата за прашањето за Чамите ако сака да биде членка на ЕУ“, изјави Павлопулос за време на посетата на грчките вооружени сили во Лариса.

Албанските медиуми пренесуваат дека заканата на Павлопулос е всушност реакција на изјавата на шефот на албанската дипломатија Дитмир Бушати, кој рече дека прашањето за Чамите веќе е отворено во преговорите помеѓу Атина и Тирана за надминување на крупните прашања помеѓу двете земји.

Владата во Тирана ја критикуваше заканувачката изјава на грчкиот претседател, нагласувајки дека прашањето за Чамите сепак постои.