Атина мора да стигне до „заборавените“ Грци во Африка

Loading...

Грција мора да изгради мостови и да се доближи до Грците во Африка, изјави заменик-министереот за надворешни работи задолжен за Грците во странство, Тернес Квик, по состанокот во Атина со претставничката на грчката заедница во Хараре, Ариадне Псилу.

„Неопходно е да ги подобриме (нашите) билатерални односи со африканските земји, а тоа ќе се случи преку надградената политика за тој континент што ја подготви министерот за надворешни работи, Никос Коѕиас”, рече Квик.

„Во Зимбабве имаме уште еден дел од грчката дијаспора која се чувствува заборавена“, имајќи предвид дека поминале децении од кога некој член на грчката влада ја посетил таа земја… вели Квик, како што пренесуваат грчки медиуми.

Последниот билатерален договор бил потпишан од Грција во 1982 година, пред 36 години.

Тој истакна дека грчката заедница во Зимбабве е мала, не надминува 2.500 луѓе, повеќето се наоѓаат во Хараре, а меѓу нив има неколку десетици многу значајни деловни луѓе и неколку лекари и адвокати.

Хараре беше и седиште на Митрополитот на Зимбабве и Ангола, Серафим,  од Православната црква „Света Тројца“, додаде тој.

Зимбабве е значајна како земја во која грчките бизниси можеби ќе сакаат да работат, со оглед на нејзините богати ресурси во благородни метали и други ретки минерали.