Портпаролот на грчката влада, Димитрис Ѕанакопулос, вечерва изјави дека Грција ги поставила своите предуслови за решение на долгогодишниот спор околу името.

„Ако нашите соседи имаат желба и волја да продолжат, за да можеме да утврдиме што точно ќе содржи взаемно прифатливото решение, ние сме отворени за тоа и го докажавме тоа”, пренесува „Катимерини“.

Изјавата на Ѕнакопулос доаѓа по денешното интервју на македонскиот премиер Зоран Заев кој за Ројтрес изјави дека Македонија предлага четири опции со цел да ги разреши децениските контроверзи со Грција.

Предлозите се Република Северна Македонија, Република Македонија, Република Македонија Вардар и Република Македонија (Скопје)”.

Запрашан дали Грција ќе биде задоволна некоја од овие опции, македонскиот премиер одговорил: „Да, претпочитаат некои повеќе од другите“.

Според Зоран Заев, прашањето е сега дали постои „вистинска потреба“ за промена на Уставот на земјата, нешто што Грција го бара во последниве неколку месеци.