Во Лига Европа се играа реванш 1/8 финалните средби по кои се познати тимовите за новиот сегмент. Одиме по ред. Атлетико Мадрид славеше во Москва кај Локомотив со убедливи 5-1, за вкупни 8-1. Атлетик Билбао по втор пат е поразен од Марсеј, сега со 2-1, а Динамо во Киев не ги искористи добрите 2-2 од Рим и загуби од Лацио со 2-0. Стефан Ристовски со Спортинг мина низ трње кај Викторија Плзен, губеше со 2-0, па со погодок во продолжението славеше со вкупни 3-2 додека Лајпциг со 1-1 кај Зенит ги одбрани германските 2-1.

Во вечерната програма Милан повторно загуби од Арсенал, овој пат со 3-1, Борусија Дортмунд со 0-0 не ја стаса активата од 2-1 на Салцбург од првиот меч, а Лион со драма е елиминиран иако имаше предност од 1-0. ЦСКА Москва вечерва победи во Франција со 3-2 и ќе ги претставува Русите во четврт-финалето. Утре на пладне во Нион е жрепката за новиот круг, а во исто време од таму ќе ги дознаеме и двојките за следната фаза во Лигата на шампионите.

Највпечатлив од сите голови денеска беше тој на „Миланезот“ Чалханоглу на Емирејтс во Лондон.