Оригинални фотографии од НАСА астронаутите од вселенските летала, направени во времето кога вршеле истражувања на Месечината, ќе бидат продадени на аукција.

Астронаутот Гон Глен бил првиот човек кој ја снимал Земјата од универзумот, Нил Армстронг ја снимил првата слика на површината на Месечината.

Астронаутите Глен и Армстронг направиле 445 оригинални снимки што деновиве ќе бидат понудени од аукциската куќа Скинер од американската држава Масачусец.

Како што ја цитираше оваа куќа, аукцијата е наречена „Просторот на универзумот“ и е првата американска аукција за продажба на старите фотографии на астронаутите на НАСА, и тоа од периодот на кулминацијата во истражувањето на Месечината од 1964 до 1972 година.

Аукцијата започнува денеска и трае до 2 ноември.

„Сликите се вредни не само поради нивното научно-историско значење, туку и поради нивната уметност“, рече г-ѓа Ламуни од аукциската куќа.