Ахмети и екс разузнавачот Богоевски повторно на суд

Сведоците во процесот кој  лидерот на ДУИ го води против екс разузнавачот Слободан Богоевски денеска одбиле да сведочат пред судот во случајот „Телеком“.

На денешното рочиште по тужбата од лидерот на ДУИ, Али Ахмети и неговиот сопартиец Муса Џафери против  Богоевски требаше да сведочи нотарот пред кого екс разузнавачот ја дал спорната изјава која за тужителите е клевета.

Нотарот, Сашо Клисаровски како и адвокатот се повикаа на забраната за изнесување информации од заверената изјава на Богоевски односно дека не смеат да изнесуваат во јавност детали поврзани со изјавата на разузнавачот пред Њујоршкиот суд.

Одбраната на Богоевски и денеска реагираше зошто Основниот суд Скопје 2 се уште се нема произнесено околу спорната надлежност на Судот за овој предмет. Следното рочиште е закажано за на 5 Септември.

SHARE