Ацо Станковски: Фрчковски има две брилијантни идеи, легализација на проституција и лесни дроги

Уметникот Ацо Станковски кој беше гостин на емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија денеска го пофали професорот Љубомир Фрчковски за неговите идеи според кои Македонија и новата влада треба да ги легализираат лесните дроги и проституцијата.

Во емисијата која ја води Мирјана Трпчевска Станковски беше гостин заедно со архитектот Мирослав Грчев според кого проектот „Скопје 2014“ не е проект туку проблем а настанат е по лична наредба на екс премиерот Груевски кој според него имал лош вкус.

Одговарајќи на прашање дали како апологет на „Скопје 2014“ му олеснило што вчера премиерот Заев најавил дека нема да ги урива спомениците Станковски ја поздрави позицијата на премиерот и се наврати на најавите на Фрчковски и други подддржувачи на СДСМ кои најавува дека Скопје 2014 ќе се урива. Тој цитираше негова колумна во која професорот Фрчковски се залагал за легализација на лесни дроги и проституција.

 

SHARE