Леон Горецка потпишал преддоговор со Баерн Минхен и на лето кога ќе стане слободен ќе се сели од Шалке, но ќе остане во Бундес лигата. За талентираниот германски репрезентативец беа загреани Реал, Барса и најмногу Ливерпул. Нема финансиски детали, но ако се суди по тоа дека клубот од Енфилд беше подготвен да плаќа 12 милиони евра по сезона за новиот Балак, како што го нарекуваат 23 годишниот Горецка, тогаш и Баерн не е далеку од таа сума.

Оставете коментар