Бакојани: Со Заев е полесно отколку со Груевски

Дора Бакојани, поранешната шефица на грчката дипломатија смета дека со актуелниот македонски премиер Зоран Заев е многу полесно да се постигне решение за спорот за името во споредба со неговиот претходник Никола Груевски, кој според неа, бил радикален националист.
„Дали господинот Заев е прозорец на можност? Според мене, да, беше прозорец на можност, затоа што секој што има преговарано со господинот Груевски знае многу добро колку беше тешко, па и невозможно да се постигне било какво решение со еден радикален националист кој воопшто не размислуваше за било какво решение на проблемот“, рече Бакојани.
Поранешната министерка за надворешни работи на Грција, а сега пратеник од опозициската Нова демократија, објасни дека припаѓа на категоријата луѓе што сметаат дека треба да се реши проблемот меѓу двете земји, но актуелната грчка Влада „на катастрофален начин управува со прашањето, бидејќи Ципрас ги започна преговорите како лидер на СИРИЗА, а не како премиер“.
„Создаде проблем во внатрешноста на земјата, создаде проблем во преговорите, бидејќи на средина на преговорите се сетија на ерга омнес, на средина на преговорите се сетија дека за да биде ерга омнес потребна е некоја промена во Уставот на соседната земја итн“, објасни поранешната шефица на грчката дипломатија.
Бакојани смета дека справувањето со проблемот треба да започне од основата, која според неа е иредентизмот бидејќи „историски, токму врз оваа иредентистичка логика се изгради целата оваа држава“.
Во однос на поширокиот регион, таа вели дека „без сомнеж, Западен Балкан е црна дупка во Европа“, а недостигот на интерес на Европа во изминатите години го покриле други сили. Со големо задоцнување, сепак, Европа, сфатила дека ова не може да